ОПОЗИЦИЈАТА ГИ БЛОКИРА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ЛИЧНИТЕ КАРТИ СО 1506 АМАНДМАНИ УШТЕ ОД МАРТ, СПАСОВСКИ: ЛИЧНИТЕ КАРТИ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ИЗДАВААТ БЕЗ УСОГЛАСУВАЊЕ СО УСТАВНОТО ИМЕ И ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

0
628

“Проблемот со издавање на лични карти е од сосема друга природа. До денеска околу 15,5 илјади граѓани не можат да ги подигнат личните карти, заради тоа што Законот за личните карти е блокиран во Собранието. Ние неколку пати инсистиравме во однос на ова законско решение да се донесе, но истото е блокирано со 1507 амандамни” – рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Од први јули целиот систем е веќе целосно во функција, во однос на земање на податоци и издавање на лични документи. Тој нагласи дека МВР преку Владата уште во март го има доставено Законот за лична карта во Собрание за да може да ги помине собраниските процедури и да се применува од 1 јули 2021.

“Ние неколкупати инсистиравме во однос на ова законско решение да се донесе. Факт е дека имаме блокада на носење на законско решение, но тоа не е ниту моја работа ниту на Владата, туку на Собранието. Кога говориме за блокада, јас ги побарав податоците, вкупно 1507 амандмани се поднесени на законското решение” – рече министерот Спасовски

Со новото законско решение се вели дека од први јули треба да се применува уставното име на државата и да се применуваат одредбите од Законот за јазиците. Само еден амандман е поднесен од парламентарно мнозинство, а 1506 амандмани се поднесени од опозицијата.

“Ние досега даваме термините на граѓани кои бараат издавање на лична карта. МВР целата процедура ја завршува, значи граѓаните одат, можат да се сликаат за лична карта, но не смее да започне производството се’ додека законот не биде на сила” – рече Спасовски.