ОПЕК ЌЕ ГО ЗГОЛЕМУВА ПРОИЗВОДСТВОТО НА НАФТА ПОСТЕПЕНО ЗА ДА СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА НИВОТО ПРЕД КОРОНА КРИЗАТА

0
1188

Земјите-членки на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници одлучија да го зголемат производството за да не се намали и потрошувачката и покрај брзото ширење на омикронот.

ОПЕК плус, која се состои од 23 земји, најави дека од февруари ќе го зголеми производството за 400 000 барели нафта дневно.

Денешната одлука во Виена е во согласност со претходно договорениот пристап за зголемување на производството секој месец додека не се достигне нивото пред пандемијата.