OnePlus 2 претставен со почетна цена од 329 долари

0
1296

Како што беше најавено, во текот на вчерашниот ден преку VR настан, OnePlus ја претстави втората генерација од својот мобилен телефон, наречен OnePlus 2. Корисниците кои што нешто повеќе од еден месец можеа да нарачаат и картонски уред за виртуелна реалност, можеа да го следат претставувањето, како и поврзани видеа во 360 степени.

impress-img

Во главно спецификациите на OnePlus 2 се познати, поради редовната доза на неофицијални и официјални информации, па претставувањето само служеше за нивно официјализирање, како и додавање на неколку необјавени карактеристики.

Спецификациите на OnePlus 2 се следните:

  • 5,5 инчен IPS LCD екран со Full HD резолуција и густина на пикселите од 401 ppi
  • Димензии: 151,8 x 74,9 x 9,85 mm и тежина: 175 грама
  • Qualcomm Snapdragon 810 v2.1 чипсет со осум јадрен 1,8 GHz процесор и Adreno 430 GPU графички процесор
  • 3 и 4 GB LPDDR4 RAM меморија
  • 16 и 64 GB простор за складирање
  • 13 MP задна камера и 5 MP предна камера (оптичко стабилизирање на сликата, 4K видеа, 1.3um, f/2.0)
  • 2 nanoSIM слотови
  • UCB Type-C
  • OxygenOS

Како што може да се види од спецификациите на OnePlus 2, се работи за одличен телефон од високата класа кој што повторно ќе може да им конкурира на најпознатите модели од другите производители.

Иако сличен со неговиот претходник, OnePlus 2 доаѓа со до некаде освежен дизајн кој што може да се забележи во малите детали. Исто така, целосно пластичниот дизајн е заменет со метална рамка која што стана нешто што мора да го има во телефоните од оваа класа.

Интересен додаток на телефонот е посебно копче од десната страна наменето на менување на три режими на нотификации, односно целосно исклучување, само приоритетните и сите. Ова е достапно како можност во најновата верзија од Android, меѓутоа ретко се овозможува преку хардверски копчиња, нешто по што е познат iPhone.

notifications-img

OnePlus 2 доаѓа и со читач на отпечатоци на прсти со што се добива дополнителен начин на автентикација. Од компанијата најавуваат дека сензорот е нешто побрз од тој на iPhone 6, но останува корисниците да кажат дали тоа го забележуваат. Исто така, во OnePlus 2, сензорот е целосно капацитивен и не се наоѓа на копче кое што може да биде стиснато.

Интересно за ваков модел, нема да вклучува NFC чип, поради како што истакнуваат од компанијата, слабо користење на истиот во претходниот модел.

OnePlus 2 ќе се продава преку систем на покани почнувајќи од 11-ти август. Прво ќе биде достапен моделот со 64 GB меморија кој што ќе се продава по цена од 389 долари, а помалиот модел ќе има цена од 329 долари.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=UATpMHitrA0[/youtube]