ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР Е УНИКАТЕН МОДЕЛ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЕДЕН КОНФЛИКТ, ЏОРЏ РОБЕРТСОН: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СИ ОБЕЗБЕДИ ИДНИНА ВО НАТО, СЕГА ТРЕБА ДА СЕ КОНСОЛИДИРА НАПРЕДОКОТ И ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

0
832

“Не треба само носталгично да се осврнуваме на Рамковниот договор кој беше уникатен пример за крај на еден конфликт. Договорите ги има премногу во историјата, но она што луѓето вистински го сакаат е работа, добро образование за нивните деца и надеж за иднината. Тоа мора да биде чекор понатаму од Охридскиот договор и тоа е нашата обврска” – изјави поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон во обраќањето за 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

“Светот, Европа и Балканот мислам дека го потценија начинот на кој што Охридскиот договор дава пример, образец за решавање на конфликти. Тој има свои несовршености, мали, не сметаме дека е совршен и се’ уште ќе има луѓе кои ќе сметаат дека сме им дале премногу или добиле премалку. И двете овие гледишта се на погрешната страна од историјата. Консензусот, компромисот и рамнотежата, толеранцијата можеби не се модерни во свет кој е склон кон авторитарен модел, но тие се темелот на просперитетни, задоволни и мирни демократии кои повеќето луѓе ги сакаат и многумина копнеат по нив” – рече Робертсон, учесник во преговорите за Рамковниот договор.

Членството во НАТО и’ овозможи безбедна иднина на Северна Македонија и сега сме подготвени за напредок кон членство во ЕУ.

“Пред 20 години кога БЈРМ, така тогаш се викаше  вашата земја, храбри и талентирани Македонците својата иднина ја гледа надвор од границите на својата земја, членството во НАТО беше само далечен сон. Сега БЈРМ веќе не постои на светската мапи, а Северна Македонија може да гледа безбедна иднина, како во странство така и дома. НАТО сега е реалност, а знамето на Република Северна Македонија гордо се вее на зградата на НАТО во Брисел, тоа и треба да биде реалност за вашето членство во ЕУ. Подготвени сте, ја направивте тешката работа. ЕУ има потреба од вас и само на тој начин може да се консолидира напредокот што беше постигнат во овие две децении” – јасно порача поранешниот генерален секретар Робертсон.

Тој исто така упати и барање до Бугарија за да ја крене блокадата на евроинтегративниот пат на Северна Македонија.