Вечерва заврши средбата на Централниот одбор на СДСМ. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја информираше јавноста дека официјално е констатирана оставката на Зоран Заев како лидер на СДСМ.
Од утре започнува да тече процедурата за пријавување на кандидати за нов лидер согласно Статутот на СДСМ. Внатрепартиските избори ќе се одржат на 12-ти декември, а право на глас ќе имаат сите членови кои што ќе го ажурираат своето членство.