ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ОД ВЧЕРА, ФИЛИПЧЕ: ИМА 14 ЗАГИНАТИ ЛИЦА И НЕКОЛКУ ЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ТЕТОВСКАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА

0
219

“Би сакал да информирам со големо жалење дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.

Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Изразувам искрено сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.

Во текот на денот постојано ќе информираме за сите нови детали околу случајот, апелирам до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан.”

-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ