ОД УТРЕ ПАК ШТРАЈК ВО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ: НЕМА ИСПЛАТА НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ПЛАТАТА ЗА ОКТОМВРИ

0
747

“Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври” – најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во МК Железници Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.

На овој чекор се решија по предупредувањето за прекин на работата ако до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.
Машинскиот и извршниот персонал во Железници го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември поради неисплатен втор дел од септемвриската плата. По исплатата наредниот ден, ја прекинаа блокадата и доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.

Во одлуката е наведено дека се бара надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот.