ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ СО НОРМАЛНА ДИНАМИКА, СПАСОВСКИ: СЕ ВРШИ МИГРАЦИЈА НА ПОДАТОЦИТЕ ВО НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

0
691

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека поради миграција на системот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи.

Лични документи се издаваат досега, поради ковид пандемијата била зголемена побарувачката за нив и затоа има застој во издавањето лични документи.

“Лични документи се издаваат и сега. Едноставно имаше поголема побарувачка поради позната ситуација со ковид пандемијата, при што многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем, тоа е процедура која мораме да ја завршиме бидејќи на тоа не’ обврзуваат и законите и Уставот. Веќе од понеделник повторно почнуваме со нормално функционирање” – рече Спасовски.

Можен е застој за време на викендот и затоа апелираше на стрпливост кај граѓаните.