Сите пожари во скопскиот регион на кои се интервенираше вчера се изгаснати. ТППЕ на Град Скопје во текот на вчерашниот ден добила 29 дојави за пожар а 7 од нив биле лажни и ќе бидат истражени од МВР.
“Не се памети ден како вчерашниот. Досега не сме имале 22 интервенции за помалку од 24 часа. Првата дојава беше околу 10 часот, а последната во 21:45 часот” – рече командирот на ТППЕ Скопје, Владимир Симоновски.
Состојбата во поранешната фабрика ОХИС е стабилна, а денеска е изгасен и пожарот над Сарај кон Јасен.
Оценките на пожарникарите се дека дел од пожарите се подметнати. Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во моментот има една екипа испратена во пехчевско-делчевскиот регион.
Секаде каде била побарана помош, биле испратени екипи притоа водејќи сметка да не се доведе во прашање безбедноста на граѓаните во Скопје.