ОЧАЕН НАСТАП НА ВЛАДИМИР БОЖИНОВСКИ: СДСМ ПОРАДИ ТЕНКОТО МНОЗИНСТВО ЌЕ МОРА ЧЕСТО ДА ПРАВИ КОМПРОМИСИ СО ВМРО-ДПМНЕ

0
1011

Омилениот анкетар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Божиновски во гостувањето на дебата на “Топ тема” на Телма изјави дека поддржува подобра комуникација на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со цел да има побрзо носење на клучни закони во Собранието за иднината на државата. Според него, СДСМ мора да се координира и да се договара и со целата опозиција затоа што има тенко мнозинство и дека не може на сила да ги турка своите предлози бидејќи ќе се соочува со уште поголем отпор.

Покрај тоа спомна дека за најдобро справување со здравствената криза и нејзините последици по економијата, најдобро решение би било експертска Влада со поддршка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно резигнираноста од немоќта на ВМРО-ДПМНЕ е преголема и затоа мора на вакво начин да ја замајува јавноста со некаква конструктивност од опозицијата додека власта била каприциозна и ги терала процесите само на сила.