НЕВЕРОЈАТНО, ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СУДОТ БИ ПРИФАТИЛЕ: МИЈАЛКОВ ПОНУДИЛ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ВРЕДНОСТ ОД 10,8 МИЛИОНИ ЕВРА КАКО КАУЦИЈА ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР?!

0
787

Со 20 години затворски казни во прв степен за Таргет-Тврдина и Трезор и со обвинение за имотите на Водно, Сашо Мијалков може да излезе од притвор. Според извори од судот, екс шефот на УБК Сашо Мијалков добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција на барањето за излегување од притвор.

“Обвинителството, ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози, во вкупен износ од 10,8 милиони евра е прифатлива за Обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата” – велат од Обвинителството.

Адвокатите на Мијалков тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од 10,8 милиони евра. Кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.