Oбвинителството отвори истрага за случајот со измамените Македонци од САД за авиобилети

0
1166

Основното јавно обвинителство – Прилеп почна предистражна постапка за случајот со измамени Македонци од САД за евтини авиобилети, потврдуваат од ова обвинителство за Мета.

„По поднесени кривични пријави од оштетени лица, во Основното јавно обвинителство – Прилеп заведени се два кривични предмети за овој случај. Првиот предмет е против едно физичко и едно правно лице, а вториот предмет – против две физички лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Измама од чл.247 од Кривичниот законик. По нив отпочната е предистражна постапка“, велат од Јавното обвинителство.

Како што вчера пишуваше новинската агенција, повеќе од 30 тужби поднеле Македонците кои живеат во САД, против сопственичката на прилепската туристичка агенција „Сториа травел“, обвинувајќи ја за измама со евтини авиобилети.