Oсумгодишниот Јован, овојпат заедно со другарчињата, повторно собира средства за лекување на Ели

0
1003

Осумгодишниот Јован, денеска заедно со другарчињата Марио и Лео Матеа, Калина и Андреј  на плоштадот  „Македонија“, повторно собира средства за лекување на малата Ели.

Јован повторно ќе свири а децата ќе продаваат колачиња со инспиративни пораки! Дојдете и донирајте за Ели, се наведува во повикот на организаторите кои креираа и страница на Фејсбук за настанот.

Јован собра точно 8.774 денари кои веднаш ги донираше на сметката за лекување на малата Ели, со помош на неговата мајка.

После тоа композиторот и сопственик на музичкото студио „Ентерпрајз“, Валентино Скендеровски, му додели доживотна стипендија за да учи да свири на гитара.

Осумгодишната Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.

Се донира на следниве броеви: 070/143-111, 077/143-775 и 075/143-114, како и на денарска сметка 300001000024155, Комерцијална банка, Елена Додевска и девизна сметка Dodevska Elena, IBAN: MK07300307063080823, BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X, KOMERCIJALNA BANKA.