Oпозицијата побарала Груевски да размислува најдоцна до утре?

0
517

Заев, Ахмети и Тачи денеска го чекаа Груевски за да одржат лидерска средба. Груевски не се јавил за да се сретнат, велат изворите на Либертас.

gruevski-zaev-ahmeti-taci-liderska-540x248

– Заев не замоли да му пренесеме на Груевски дека уште утре го очекуваат на средба на која Груевски ќе каже дали го прифаќа или не последниот нивен предлог, велат дипломати инволвирани во преговорите.

Според нив опозицискиот лидер рекол дека нема повеќе да чекаат, а Груевски да развлекува и да мисли дека времето работи за него.

Заев и Груевски во четвртокот вечерта се сретнаа два пати и останало лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да размисли дали ќе постигнат договор и денеска да имаат лидерска средба.
Груевски денеска зборот не си го одржа, а  викендов како и сите други денови ги користи за кампања, отвара патишта, игралишта, дава изјави за отпишување долгови и слично. Тој јавно вели дека е за договор но како што вчера порача од Дојран да бил “разумен“.