НОВИОТ БУГАРСКИ ПРЕМИЕР ПЕТКОВ НЕ САКА БРЗО ДА МУ ПАДНЕ ВЛАДАТА: ЌЕ ГИ ЈАКНЕМЕ ДЕЛОВНИТЕ И КУЛТУРНИТЕ ВРСКИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АКО РАБОТИМЕ СО НАПОРНА РАБОТА ВО СЛЕДНИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ

0
681

Новиот бугарски премиер Кирил Петков е претпазлив за брзата деблокадата на Северна Македонија.

Во интервју за “Политико”, тој стави акцент на работните групи кои треба да работат многу напорно шест месеци, но не даде краен рок за почеток на преговорите.

Петков сака повеќе деловен пристап кон односите со Македонија. Новата влада не планира да се откаже од историските прашања со Македонија. Затоа Петков вели дека неговата цел е да го прошири дијалогот и да ја искористи економската соработка за подобрување на односите.

“Мислам дека ниту една Влада во моментов, не може едноставно да отиде кај своето население и да каже: “Во ред, заборавете на сите проблеми, ајде само да го потпишеме договорот”, бидејќи таа влада брзо ќе падне” – рече тој.

Наместо кревање на блокадата, новите бугарски власти нудат поголема соработка. Петков сака извршните директори на бугарските и македонските компании да се сретнат и да се поврзат.

“Сакам да можам да летам од Софија до Скопје директно, не сакам да летам преку Виена. Сакам да ја имам првата железничка врска, ако е можно, барем планот за тоа. Сакаме да имаме заеднички културен календар” – рече премиерот Кирил Петков.