НОВИ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА НА 11-ТИ ЈУЛИ

0
1257

Утринава во Софија стана јасно дека Бугарија оди на нови избори, кои претседателот Румен Радев објави дека тие ќе се одржат на 11. јули. Радев претходно ѝ го достави на лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, мандатот за формирање Влада, а таа експресно му го врати назад бидејќи нема подршка во парламентот за составување кабинет.

Пред БСП, тоа не им успеа ни на ГЕРБ, ни на партијата “Има таков народ”. Радев изјави дека високо го ценел потегот на социјалистите за враќање на мандатот бидејќи Бугарија имала потреба да изнајде политичка алтернатива на досегашниот модел на владеење. Но ако и по јулските избори се дојде до сличен резултат Бугарија може да влезе не само во политичка, туку и во уставна криза.

Претседателот ќе назначи службена влада идната недела, а треба и да го распушти собранието. Заедно со распуштањето на парламентот треба да профункционира и новата изборна комисија.