НОВА ГЕРМАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, ЗАЕВ: ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ 69 ВЕТЕРНИЦИ ОД КУМАНОВО ДО КРИВА ПАЛАНКА СО МОЌНОСТ ОД 400 МЕГАВАТИ

0
1132

“Започнува да се реализира најголемата инвестиција во историјата на македонската економија од 500 милиони евра на германската компанија WPD.

69 ветерници ќе бидат поставени на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, кои ќе создадат над 400 MW струја од ветер.

Ветерниот парк “Вирови” ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија. Колку за споредба, станува збор за капацитет кој го имаат двата блока на инсталиран капацитет од РЕК “Битола” во најдобрите години.

Во зеленото сценарио најбрзорастечки технологии се токму фотонапонските и ветерните електрани. Во нашата стратегија се предвидени околу 1500 мегавати фотонапонски електрани и околу 700 мегавати ветерни електрани.

Ова се придобивките од Законот за стратешки инвестиции. Големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата и носат храбри одлуки за инвестирање во Северна Македонија.”

-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ