НОВ ЗАКОН ЗА ТРГОВИЈА, БЕКТЕШИ: СЕ ПРЕДВИДУВА ЗА 100% ПОГОЛЕМА ДНЕВНИЦА ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА

0
642
Министерот за економија, Крешник Бектеши во објава на својот фејсбук профил  напиша дека со новиот закон за трговија се предвидува за 100% поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела.
“Сто проценти поголема дневница за вработените кои се ангажирани во недела, со новиот закон за трговија” – стои во објавата на Бектеши.
Законот за трговија е поставен на ЕНЕР и за да има јавна расправа, а измените во законот се во согласност со најавите за недела како неработен ден.