Никовски: Грешката во надворешната политика е Декларацијата од 1999 год.

0
269

Поранешниот амбасадор на Македонија во Русија и Албанија, Ристо Никовски во своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа смета дека најголемата грешка во надворешната политика е Декларацијата за пријателство на Македонија и Бугарија склучена меѓу тогашните премиери Георгиевски и Костов со кои што на Бугарите им се отвори пат за целосно негирање на македонската нација и идентитет. Според него, треба отворено да им се порача да не ја блокираат Македонија во евроинтеграциите а во спротивно треба да се раскине Договорот за пријателство и добрососедство што го склучија Заев и Борисов.