РАСЧИСТУВАЊЕ СО ВКОРЕНЕТИТЕ КРИМИНАЛНИТЕ ПРАКТИКИ ВО ОПШТЕСТВОТО, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: ПРВО ЗАКОН ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ ПА КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЛЕГАЛНО СТЕКНАТ ИМОТ

0
1152

“Формираната работна група започнува со подготовка на Законот за потекло на имот, што првпат се воведува во нашата држава и со кој го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот, спречуваме оштетување на буџетот и незаконско богатење врз грбот на граѓаните” – вели заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Како што соопштија од неговиот кабинет, работната група е формирана од меѓународни и домашни експерти, како и претставници од сите релевантни институции ДКСК, УЈП, Управата за разузнување, МВР, Јавното Обвинителство, Финансиската полиција, Царинската управа.

Вицепремиерот Николовски наведува дека со поддршка на Советот на Европа веќе е подготвена студијата за потребата од изработка на Закон за потекло на имот.

“Првпат добиваме Закон за потекло на имот, со што ќе се овозможи да се испитува како одредено лице го стекнало имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни одданочени приходи. Законот ќе ги опфати не само избраните и именувани лица, туку и сите граѓани. Конкретно, секој треба да докаже на кој начин го стекнал имотот и капиталот, доколку тоа ги надминува редовните оданочени примања. Ќе се проверува и имотот на поранешните функционери, бидејки честопати избраните и именувани функционери, имотот стекнат за време на мандатот го ставаат на туѓо име, на член од семејството или пријател, а по завршувањето на мандатот го впишуваат на свое име” – вели вицепремиерот Николовски.