НЕЗАВИСНАТА ВМРОВКА ДАНЕЛА АРСОВСКА СЕ ОТКАЖА ОД ПРОЕКТОТ БРТ НА ШИЛЕГОВ И ЌЕ КУПУВАЛА АВТОБУСИ ЗА 50 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СТРАНСКИ КРЕДИТИ: ЌЕ ИМА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА 2 ГОДИНИ

0
706

“За две години отсега скопјани бесплатно ќе се возат во автобусите на ЈСП” – повторно вети градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Прво имала намера да се справи со долговите на ЈСП.
Новиот директор на ЈСП, Иван Илиевски рече дека е можно да се реализира ова, затоа што приходите на претпријатието од продажба на билети е околу 200 000 денари дневно.

“Наутро за да функционира јавниот сообраќај во градот, треба да тргнат 270 автобуси, но тргнуваат 250, затоа што дваесетина редовно не може да ги покренеме поради некаков дефект” – рече Илиевски.

Дополнително се планира почесто да сообраќаат автобуси на одредени линии и да се воведат линии за подалечните населби во Скопје.

Арсовска најави дека ќе се воведат и ноќните линии, за граѓаните на Скопје да користат јавен транспорт во секое време.

“За БРТ превозот нема одлука од Советот на Град Скопје. Тоа е неизводлив проект бидејќи ќе ја загрози водоводната мрежа. Еден автобус ќе чини околу 300 илјади евра, за почеток ќе донесеме 150 автобуси, a ќе побараме грантови за да ги купиме автобусите” – беше изговорот на Арсовска.