НЕЗАДОВОЛЕН СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ОД НСДП ВЕДНАШ ДОБИВА ПОВЛАСТЕН ТРЕТМАН НА ВМРОВСКИОТ МЕГАФОН АЛФА ЗА ПОЛИТИЧКО САМОУБИСТВО, ЉУБОМИР ЈОСИФОВСКИ: НИЕ КАКО 30 ПРАТЕНИЦИ ЗАСТАНАВМЕ ЗАД ЗАЕВ ЗА ДА МОЖЕ ОД ОПОЗИЦИЈА ДА ГИ ПУШТА АУДИО БОМБИТЕ ПРОТИВ РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ

0
1193

Водителите на емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа конечно најдоа незадоволен социјалдемократ од НСДП со цел да го искористат за напади кон СДСМ и премиерот Заев.

Во нивната емисија се појави поранешниот пратеник од НСДП, Љубомир Јосифовски кој што искажа разни несогласувања со досегашните политики на власта откако не е во игра повеќе од 4 години. Смета дека постоело поголемо единство во коалицијата на СДСМ уште додека беа во опозиција отколку во периодот откако дојдоа на власт во 2017-та година. Особено истакна дека во тогашните опозициски редови постоела поддршка за решавање на проблемот со името и напредување во евроинтеграциите но не на ваков начин како што тоа го направи Заев со Преспанскиот договор. Со брзоплетост и со огромни надворешни притисоци, се прифати решение кое што сериозно ја поткопува македонската самобитност а притоа остануваме заглавени поради проблемот со Бугарија до ден денес.

Спомна дека во времето додека СДСМ и НСДП го бојкотираа Собранието поради режимот на Груевски, 30 пратеници од коалицијата застанале зад опозицискиот лидер Заев за да може да ги пушта во јавност аудио бомбите против екс режимот и да овозможи демократски пресврт во Македонија.

Јосифовски тврдеше дека СДСМ и премиерот Заев требале да прифатат сугестии и мислења од народот, па да се обидат да стигнат до поширок консензус со парламентарната опозиција со цел да се дојде до цврсти ставови и политички курс кој што нема така брзо да се менува на наша штета. Беше и револтиран од изјавите на Заев во целиот овој период, порачувајќи му повеќе да работи за доброто на народот и државата а помалку да дава триумфалистички изјави. По негова проценка, спорот со Грција можел да чека уште 5-10 години без да се решава штом во македонската јавност и политички партии владее толку остра поделба по однос на тоа кои нешта би можеле да се прифатат а кои не.

Исто така се осврна на поранешниот директор на ДПИ, Пауновски, за кого рече дека го познавал како стручен и компетентен уште додека беа пратеници. Спомна дека баш во време на неговата директорска позиција, по бројните акции биле спасени државни приходи по основ на акцизни стоки во износ од 8 милиони евра и на крај бил неосновано разрешен само поради неговиот пркос кон централната власт.