New York Times: Македонија го обвини лидерот на опозицијата кој обзнани корупција!

0
823

Главниот опозициски водач во Македонија е формално обвинет за прислушувањето и непријателски активности по неколку месеци на политички превирања.

zaev ny

Лидерот на левичарската партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, беше обвинет за “еден продолжено кривично дело на неовластеното прислушување и тонско снимање”, како и “насилство врз претставници на највисокото раководство”, се вели во соопштението објавено на веб-страница на државниот обвинител во четвртокот доцна навечер.

Во обвинението се случи непосредно откако г-дин Заев ги обелодени плановите за масовните протести во главниот град на оваа балканска земја без излез на море, Скопје, кoj ќе се одржи овој месец – “најголемиот што земјата го видела”, рече тој.

Македонската политика е потресувана со месеци од објавите на г-дин Заев е малку по малку,со протечените транскрипти од како што рече,од илјадниците владини снимки од разговори на владини претставници и други. Г-дин Заев вели дека тие укажуваат на случаите на корупција, местење на избори и манипулација на системот на кривичната правда.
Претсавници од конзервативната влада на премиерот Никола Груевски велат дека иако некои од снимките се чини дека се легитимни, други се фабрикувани.

Груевски обвини неименувана странска разузнавачка служба за правење на снимки и поттикнување на скандал. Официјални лица од неговата партија го нарекоа обид за соборување на владата.

Скандалот е удар врз имиџот на Македонија, сиромашна земја на јужниот раб на Балканот, која се обидува да се приклучи кон Европската унија и НАТО.

Г-дин Заев рече на прес-конференцијата во Скопје оваа недела дека опозицијата има повеќе од 100.000 транскрипти од разговори и над 18.000 текстуални пораки од повеќе од 12.000 телефонски броеви, и дека ќе продолжи да ги обелоденува и да ги споделува со обвинителите.

Западните лидери станаа вознемирени поради,од како што велат, растечкиот авторитаризам во Македонија. Дипломатите од САД и Германија, меѓу другите, се прозинесоа во последниве недели за темелна и транспарентна истрага за скандалот.

“Постојат сериозни обвинувања за Владата злоупотреба на власта”, рече Џес Л. Бејли, амбасадор на САД во Македонија, во интервју за една локална телевизиска станица минатата недела.

Г-дин Заев беше ставен под прелиминарно обвинение во јануари, и неговиот пасош беше конфискуван. При официјалното објавување на обвинението се покажа дека обвинителите веруваат дека тие имаат собрано доволно докази за да го донесат на суд, а датумот ќе биде утврден наскоро.

Додека г-дин Заев остана слободен по прелиминарното обвинението, но неколку други лица, вклучувајќи и вработените на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, беа ставени во притвор и ќе останат таму се дека обвиненијата се формализираат.

Оригиналниот текст ТУКА

Линк до статијата на Њу Јорк Тајмс : ОВДЕ

Преземено од  ЛОКАЛНО