НЕТАНЈАХУ КОНЕЧНО ЗАМИНУВА ОД ВЛАСТ: ПОТПИШАН Е КОАЛИЦИСКИ ДОГОВОР НА 8 ПАРТИИ ЗА НОВА ИЗРАЕЛСКА ВЛАДА

0
1170

Осум израелски партии потпишаа коалициски договор, со што ќе се формира нова Влада, во која по 12 години нема да биде премиер Бенјамин Нетанјаху. Владата ќе положи заклетва в недела во Кнесетот откако ќе добие поддршка од најмалку 61 пратеник.

Новата Влада најавува заздравување на поделбите во земјата и враќање на чувството за нормалност. Новата владејачка коалициј ќе има тесно мнозинство во Кнесетот и вклучува и една арапска партија за прв пат во историјата на Израел.

Новите партнери во власта се согласија дека Нетанјаху, кому треба да му се суди за корупција, мора да замине од власт и земјата не смее да си дозволи нови избори.

Првите две години ќе биде премиер Нафтали Бенет, а потоа две години Јаир Лапид.