НЕОДГОВОРНАТА ВМРО-ДПМНЕ НАВРЕМЕ НЕ ПОДНЕЛА ЛИСТА НА ГОВОРНИЦИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ И ЗАТОА ЈА НАПУШТИ СЕДНИЦАТА

0
735

ВМРО-ДПМНЕ задоцнила со поднесување листа на говорници за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Наместо вчера во 11 часот, листата ја поднеле во 14 часот. Тоа за собранискиот претседател, Талат Џафери е спротивно на Деловникот, кој предвидува листите да се поднесат 24 часа пред одржување на седницата, која денес почна во 11 часот. Поради тоа што списокот на говорници не им е прифатен, Никола Мицевски рече дека ова е со цел да се замолчи опозицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата.

“Пратеничката група нема да ви биде овде за да биде параван за вашето однесување. Колегите ќе го одбранат Спасовски, ама немавте можност да чуете што мислат граѓаните” – рече Мицевски и ја напушти салата со другите пратеници.

На ова му реплицира Џафери, кој рече дека самите си се виновни што не поднеле список на говорници во времето што го предвидува Деловникот.

“Основен кривец сте си самите што не поднесовте список според цитираниот член. Самите сте си криви за двете интерпелации што побаравте да се тргнат од дневен ред. Јас со задоволство ќе ја пречекам и дочекам вашата интерпелација за извршување на мојата функција претседател на Собранието. Јас не работам по ќефот на политичките партии, туку спроведувам Деловник” – рече Џафери.