НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРААТ ЗЛОУПОТРЕБИ КОН УЧЕНИЦИТЕ, МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: УЧИЛИШТАТА НЕ СМЕАТ ДА ИМ НАПЛАЌААТ НА ДЕЦАТА ЗА СВЕДИТЕЛСТВАТА

0
557

“Училиштата не смеат да наплаќаат такси за издавање на свидетелствата и тоа им го укажавме со допис уште пред крајот на учебната година” – соопшти Министерството за образование и наука по реакцијата од Сојузот на средношколци дека некои училишта наплаќаат за свидетелствата и дипломите за завршено средно образование.

МОН посочува дека педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование. Секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки.

“Потсетуваме дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, како и член 3 од Законот за основно образование и член 3 од Законот за средно образование, секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование” – рекоа до министерството.