НЕКРОФИЛСКИ ИСПАД НА РАШЕЛА МИЗРАХИ: НАДМИНАВМЕ ЗА ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ И ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС

0
1374

Пратеничката Рашела Мизрахи во гостувањето во емисијата “Што не е јасно?” искажа остри критики против власта за тоа како ја решава пандемијата.

Искажа грозна споредба дека вкупниот број на жртви во Македонија е три пати поголем од бројот на загинати во скопскиот земјотрес од 1963 год. Вели дека власта ја негира сопствената неспособност и неодговорност и притоа се дрзнуваат да зборуваат за доделување медали за борбата против корона кризата.

Мизрахи се пожали дека во Македонија не се води посебна евиденција за тоа колку луѓе починале од ковид а колку пациенти починале со ковид. Истовремено го истакна парадоксот дека освен за ковид, не постои никаква друга евиденција за други болести што е тешка небулоза.

Истовремено почна да лее крокодилски солзи за 4 илјади починати поради корона кризата и дека министерството за здравство било во хаос. И поради сево ова требале да се повикаат на одговорност и оставки и Заев и Филипче.

Поради лошото менаџирање на кризата, тврдеше дека народот има се’ помала доверба и заинтересираност за следење на политичарите и политичките одлуки. Рече дека и гледаноста на Собранискиот канал за тековните седници на пратениците е гледано во просек од 17 луѓе.

За економските импликации од кризата, ја обвини власта со податокот дека 70% од вработените луѓе во Македонија земаат помала плата од просечната. Очигледно Мизрахи не владее ни елементарна математика за да знае дека просечната плата е секогаш над законскиот минимум и над нето платата што ја прима најголемиот дел од населението поради зголемена социјална нееднаквост уште од режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ.