НЕКА НЕ ВЕ ПЛАШИ ВМРО-ДПМНЕ СО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ ИМА САМО ЕЛЕКТРОНСКИ ДНЕВНИЦИ ЗА РАСТОВАРУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ОД ДВОЈНА ЕВИДЕНЦИЈА

0
1167

“Податоците и оценките за учениците во основното и во средното образование од септември ќе се внесуваат исклучиво во електронски дневници” – соопшти Бирото за развој на образованието.

Вкупно 25 илјади лица ќе ја водат електронската евиденција во која спаѓаат оценките, изостаноците и информации за активностите на учениците.

Со ова им се излегува во пресрет на наставниците кои бараа да бидат ослободени од водење двојна евиденција. Притоа бараат и во сите училишта да има подобар интернет од досегашниот.