НЕ СЕ ОЧЕКУВА ДРАСТИЧНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА, БЕСИМИ: НА ЕСМ МУ ПОМОГНАВМЕ СО 5 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ СТАБИЛНО ПРОИЗВОДСТВО И СНАБДУВАЊЕ СО СТРУЈА

0
961

“Понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија” – изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

“Во однос на цената на електричната енергија, ѝ имаме дадено на ЕСМ скоро пет милијарди денари за обезбедување на дополнителни ресурси за производство на електрична енергија и снабдување со електрична енергија за регулираниот пазар. Како што беше најавено, ќе има понуда од ЕСМ кон универзалниот снабдувач на електрична енергија, која веројатно според тие проценки, ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на струјата” – рече министерот Бесими.

За инфлацијата, од втората половина на следната година не се очекува ист тренд на растот на цените на глобалниот и на домашниот пазар.