НЕ ПОСТАПУВАМЕ ПОЛИТИЧКИ ВО СЛУЧАИТЕ ШТО ГИ РАЗГЛЕДУВАМЕ, ДКСК: ГАШИ СО ИНСИНУАЦИИ СЕ ОБИДУВА ДА ГО ЗАШТИТИ ЕКС МИНИСТЕРОТ ХУСНИ ИСМАИЛИ

0
634

Антикорупциската комисија (ДКСК) смета дека претседателот на Алтернатива, Африм Гаши се обидувал да ја политизира нивната работа против функционерот Хусни Исмаили за злоупотреба на службената положба и овластување додека бил министер за култура.

Државната комисија за спречување на корупцијата ја покрена Иницијативата до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а Гаши на ТВ Сител обвини дека се работело за иницијатива започната од политички структури и целосно политизирана, дека таа била тенденциозна.
ДКСК реагираше дека тоа се наводи и инсинуации на Африм Гаши и во своето постапување единствено и исклучиво се раководи од надлежностите утврдени во Законот за спречување корупција и судир на интереси.