НЕ НИ ЧИНАТ ИНВЕСТИЦИИ ОД ЛУКСЕМБУРГ, ЕПСКА ГЛУПОСТ НА ВМРО-ДПМНЕ: ЛУКСЕМБУРГ КАКО ЗЕМЈА ОСНОВАЧ НА ЕУ И СЕДИШТЕ НА ЕВРОПСКИ ИНСТИТУЦИИ Е СОМНИТЕЛНА ОФШОР ДЕСТИНАЦИЈА

0
389

Луксембург, една од земјите основачи на Европската унија и исклучително влијателен член на блокот, од ВМРО-ДПМНЕ денеска е оценет како офшор држава, што значи дека е сомнителна дестинација. Опозициската партија тоа го наведе во соопштението поврзано со најавата на премиерот Зоран Заев дека компанија од Луксембург планира да инвестира во фабрика за соговорување отпад од 48 општини и тоа на нов начин со користење и произведување зелена енергија. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека таква фабрика ќе биде опасна поради можното загадување на Тиквешијата.

“Да биде овој бизнис уште посомнителен, наведениот инвеститор кој го најавува Заев е од Луксембург, земја позната по офшор фирми со сомнително сопствеништво кое е скриено за јавноста” – оценува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Кога максимата е дека мора да се искритикува секој чекор на политичкиот противник се прават и вакви сериозни политички грешки. Луксембург даде двајца претседатели на Европската комисија, Жак Сантер и Жан-Клод Јункер, таму се седиштата на повеќе европски институции, како Европскиот суд за правда и новото Европско јавно обвинителство кое почнува со работа 1 јуни; европските министри за надворешни работи регуларно секоја година одржуваат сесии во Луксембург. Таму е и седиштето на Европската инвестициска банка. Нејзиниот министер за надворешни работи, Жан Аселборн е меѓу највлијателните членови на европскиот министерски колегиум и секогаш целосно посветен македонски поддржувач. Општо земено, влијанието на Луксембург во ЕУ е десет пати а и повеќе поголемо од неговото население.