НЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ДРЖАВА И НАЦИЈА БЕЗ ДА СПРОВЕДЕМЕ ВАЛИДЕН ПОПИС, ЗАЕВ: ПОПИСОТ ЌЕ ОВОЗМОЖИ ЕДНАКВОСТ ВО РАСПРЕДЕЛБАТА НА ЕКОНОМСКИТЕ РЕСУРСИ И ЕДНАКВОСТ ВО ПРАВОТО ЗА РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА

0
1003

“Пописот почнува на 5-ти септември. Ве молам дајте да бидеме сериозни. Попис има, мора и ќе има. После 20 години, сме држава, нација, што сме? Мора да има попис. Рековме олеснет е пописот поради електронската база на податоци кои што ги имаме. Голем дел ќе бидат само испроверени” – порача премиерот Зоран Заев.

“Обезбедени се комплетни мерки. Им благодарам на граѓаните што последните денови аплицираа и еве екипирани се комплетно попишувачите. Сѐ е подготвено за пописот. Драго ми е што покажавме капацитет за една ваква статистичка операција, која верувајте, водам извршна власт, живот значи. Значи фер, значи рамноправност, значи еднаквост во распределбата на економските ресурси, еднаквост во правото на развој, во правото на рамноправен, квалитетен живот за граѓаните. Многу е важно оваа работа да ја спроведеме и еве сме, подготвени во предвечерието на 5 септември-ти ќе почне пописот, ќе заврши на 30-ти, соодветно време колку е потребно за да се сумираат податоците и ќе бидат објавени” – изјави премиерот Заев.