НА ЛАЖНИТЕ ПАТРИОТИ ИМ ПУКНА БРАНИКОТ ПА СЕ ДРЗНАА БЕСРАМНО ДА КЛЕВЕТАТ, ДАФИНА СТОЈАНОСКА ОД КОНТРАШКИ ПРОТЕСТ: ЗАЕВ ГИ ПРОДАВА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ КАКО ЧУШКИ НА ТЕЗГА ВО МУРТИНО

0
1227

Пратеничката од шестата ИЕ на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денеска од пред зградата на МНР се дрзна да клевети за црвените линии на СДСМ и продажбата на националните интереси во спорот со Бугарија.

“Би сакала денеска од пред зградата на МНР да кажам нешто кое целиот свет го знае, а тоа е дека националните интереси се црвена линија за секоја една европска и светска држава. Само за Зоран Заев македонските национални интереси се како низа црвени пиперки коишто седнал да ги продава како на една тезга во Муртино” – рече Стојаноска.

“Би сакала да направам и една паралела со актуелното фудбалско првенство кое што е во тек и на кое што вчера видовме дека целиот македонски народ се обедини и во еден глас навиваше за нашите фудбалери, фудбалерите на репрезентацијата на Македонија, повторувам на Македонија. Додека пак од друга страна тука во Македонија имаме еден лажен навивач и лажен преговарач, тоа е Зоран Заев, којшто единствено за кое што навива и преговара е да се спаси од сопствените велепредавства и криминали” – спинуваше тенденциозно пратеничката Стојаноска.

Како ќе го придобиете македонскиот народ со лов на вештерки? Погубна политичка стратегија за повторно народот да го излажете да гласа за екс режимот на ВМРО-ДПМНЕ.