НА ДНЕВЕН РЕД ВО СОБРАНИЕТО СЕ 70 ТОЧКИ, МЕЃУ НИВ И ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ ЗА НИКОЛОВСКИ И МАРИЧИЌ

0
120

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 41. седница на која на дневен ред се 70 точки – предлог одлуки и закони од повеќе области, како и интерпелации за работата на министерот за правда Бојан Маричиќ и на вицепремиерот за борба против корупцијата, за одржлив развој и за човечки ресурски Љупчо Николовски, поднесени од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според предложениот дневен ред, интерпелациите за Маричиќ и Николовски се 35 и 36 точка на седницата, а први точки се предлог одлуките за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународните операции на Европската Унија „ALTEA“ во Босна и Херцеговина  и „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република.