НА БАРАЊЕ НА МИНИСТЕРКАТА ШЕКЕРИНСКА, ЦРНА ГОРА ВО РАМКИ НА НАТО ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕ СО ЕДЕН ХЕЛИКОПТЕР И ЧЕТИРИЧЛЕН ЕКИПАЖ

0
237

“Црна Гора се придружува на напорите за гаснење на пожарите во Северна Македонија. Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите” – соопшти Министерството за одбрана.

Црна Гора одлучи да помогне по барањето упатено од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзината црногорска министерка Оливера Ињац и ќе биде имплементирана преку НАТО координативниот центар за одговор при кризи. Утре наутро ќе пристигне еден хеликоптер за гаснење пожари Бел 412 со екипаж од четири лица.