ЗА СИТЕ ЌЕ ИМА ДОВОЛНО ВАКЦИНИ, МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ЗАПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА И НА ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ ЛИЦА

0
768

“Почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид-19 на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата” – информираше Министерството за здравство.

Како што прецизираат од Министерството за здравство, опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските клиники и граѓанските здруженија, како кардиоваскулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.