ОНЛАЈН РЕГИСТРАЦИЈА НА ВЕБСАЈТОТ ЗА ДА СЕ ДОБИЕ ВТОРА ДОЗА ВО СВОЈОТ ГРАД, МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ДО 10-ТИ ЈУЛИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ГРАЃАНИТЕ КОИ ШТО ДОБИЛЕ ПРВА ВАКЦИНА ВО СТРАНСТВО

0
841

Министерството за здравство информира дека до 10-ти јули ќе биде во функција веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination, која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во својот град.

Така МЗ ќе добие детален увид за колкава бројка на наши граѓани станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат.

“Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количините и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат” – се вели во соопштението на Министерството за здравство.