МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ОД УТРЕ ВАКЦИНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИ НАД 77 ГОДИНИ, ВО ДВЕ СМЕНИ ОД 8 ДО 20 ЧАСОТ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН

0
1098

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од утрово Институтот за трансфузиона медицина во Скопје започна со дистрибуција на вакцината Астра Зенека до здравствените установи низ државата, каде почнувајќи од утре ќе се одвива вакцинација на лица над 77 годишна возраст.

Националниот систем Мој Термин од синоќа од 19 часот ги пушти термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на граѓани кои се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б од Националната стратегија за ковид имунизација.

Вакцинацијата ќе се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Вакцинацијата е прецизно организиран процес, испораката на вакцини ќе оди сукцесивно. До крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9577 термини, а досега закажани се 5976 термини за вакцинација на граѓани над 77 годишна возраст.