МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ВМРО-ДПМНЕ НАМЕРНО ПРАВИ МАСОВНИ СОБИРИ СПРОТИВНО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ

0
884

“Грижата кон граѓаните погодени од ковид-кризата опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја покажа и докажа синоќа во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ избира да биде на страната на манипулациите, лагата, смислени сценарија за наводни криминали провизии. Министерството за здравство жали што опозициската партија одбива да искористи ефикасен и конструктивен демократски механизам, туку единствено што прави ја опструира работата на здравствените работници кои се на правата борбена линија на ковид-пандемијата” – велат од МЗ.