Вчера околу 18:30 часот, во Одделението за внатрешни работи – Дебар бил приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово од патрола на полициски службеници со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција од Дебар. Патролата веднаш почнала да го гаси пожарот со кој веќе биле зафатени дабови и багремови дрвја но и ниско стеблеста вегетација.
“Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за предизвикување шумски пожар од Кривичниот законик” – известува МВР.