МВР СО ПОДЗАКОНСКИ АКТ ГО ДЕБЛОКИРАШЕ ИЗДАВАЊЕТО НА НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ: НАД 40 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ОД ДЕНЕС МОЖАТ ДА СИ ГИ ПОДИГНАТ ЛИЧНИТЕ КАРТИ СО НОВОТО УСТАВНО ИМЕ

0
661

Над 40 илјади граѓани од денеска можат да ги подигнат новите лични карти со уставното име Република Северна Македонија според обврските од Преспанскиот договор. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано со подзаконски акт на актуелниот Закон за лични карти.

МВР не издаваше лични карти со новото име на државата и усогласено соо Законот за употреба на јазиците бидејќи во Собранието беше заглавен новиот Закон за лични карти со над 1500 небулозни амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Власта изјави дека издавањето на лични карти е сосема легално, а МВР како надлежна институција и министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците.

Старите лични карти ќе важат до 12 февруари 2024 година.