МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ТОДОР ПЕТРОВ КАКО ОРГАНИЗАТОР НА ПРОТЕСТОТ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ОД 27-МИ АПРИЛ

0
436

МВР поднесе кривична пријава против Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, како организатор на протестите во неделата. Од полицијата велат дека на собирот не биле почитувани мерките за заштита од коронавирусот.

“СВР Скопје денеска до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија бидејќи во неделата организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на Република Северна Македонија и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести” – велат од полицијата.