МУЦУНСКИ СО ПЛАЧЛИВ ГЛАС НА АЛФА: НИЕ ПОБЕДИВМЕ ЗАТОА ШТО СМЕ ПОСТОЈАНО КОНСТРУКТИВНИ, А СДСМ КОНЕЧНО СЕ ВРАЗУМИ

0
846

Во ВМРО-ДПМНЕ и натаму глумат жртви на наводниот хибриден режим на СДСМ се’ со цел да стекнат поголеми симпатии и поддршка кај народот. Откако добија начин за излез од неразумната блокада на реформските закони во Собрание и тврдоглавоста против Договорот со Бугарија, тргнаа во создавање на поинаква медиумска перцепција.

Така го испратија нивниот помлад пратеник Тимчо Муцунски во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа со цел да и’ раскаже на јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ победила во преговорите со СДСМ со тоа што наводно како топ приоритет го поставила решавањето на коронакризата и вакцинирањето на населението пред да се направи попис на терен и локални избори наесен.

Баш Тимчо Муцунски се најде како релевантен лик да кажува кои политики треба да ги спроведува Заев и на каков начин, па дури и се дрзна да ја негира компетентноста на министерот Филипче само поради тоа што Македонија долго време чекаше на достава на пратките со вакцини иако беа навреме нарачани.

Да потсетиме дека прво работно место на Муцунски беше заменик-министер во Министерството за информатичко општество и администрација.