ФОРСИРАН СО НЕПОТИСТИЧКИ ПРОТЕКЦИИ ОД ЕКС РЕЖИМОТ, ПРАТЕНИКОТ МУЦУНСКИ ЈАВНО ПОБАРА ОСТАВКА ОД МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА ПОРАДИ РАДИКАЛНИТЕ ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА

0
919

“Министерката за образование Мила Царовска тера анационални и радикални образовни реформи, а најдоброто нешто за македонското образование е нејзината оставка” – рече пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при денешната посета на општина Ѓорче Петров.

“Во врска со новите образовни реформи се води една политика на радикализам, радикални промени и реформи во образованието коишто се осмислени од страна на еден министер кој ниту по своето професионално, ниту по своето образовно искуство не знае што му е потребно на образованието” – рече Муцунски.

Тој посочи дека ако погледнеме што се случува во последните недели, родители протестираат, наставниците и универзитетските професори се загрижени, учениците се загрижени, МАНУ и универзитетската заедница излегуваат со изјави дека ова се катастрофални реформи во образованието.

“Министерката Царовска не треба да погледне подалеку туку само на она што го кажуваат дури и нејзини претходници од нејзината политичка партија во министерството за образование, најдоброто нешто кое може да му се случи на македонското образование во овој момент е оставка на министерката Царовска и тимот околу неа, кој што сака да го редефинира нашиот однос спрема нашите деца, спрема нашата нација, спрема она што сме како Македонци. Ова е една политика која е радикална, анационална која ќе доведе до дополнителен хаос” – истакна пратеникот Муцунски.