ММФ ПРЕДЛАГА ФОНД ОД 50 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА КОРОНА КРИЗАТА ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ

0
1066

Меѓународниот монетарен фонд денеска претстави предлог од 50 милијарди долари за ставање крај на пандемијата со Ковид-19 со вакцинирање на најмалку 40% од населението во сите земји до крајот на 2021 година и најмалку 60% до првата половина на 2022 година.

Од ММФ велат дека ќе инјектираат еквивалент на 9 трилиони американски долари во глобалната економија до 2025 година за побрзо продолжување на економската активност.

“Нашиот предлог поставува цели, ги проценува барањата за финансирање и утврдува прагматично дејствување” – рече Кристалина Георгиева, шеф на Меѓународниот монетарен фонд, на Глобалниот самит за здравје што се одржува во Рим како дел од Г-20.

“Во пандемијата, животите ги загубија повеќе од 3,5 милиони луѓе низ целиот свет, а проекциите укажуваат на многу нееднакви здравствени изгледи до 2022 година, што претставува сериозни ризици за светот” – соопшти ММФ.