МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА АВСТРИЈА, СЛОВЕНИЈА И ЧЕШКА ЌЕ ГИ ПОСЕТАТ СКОПЈЕ И ТИРАНА ВИКЕНДОВ, ЗА ПОДДРШКА НА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ ВО ЈУНИ

0
834

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг викендов ќе ги посети Скопје и Тирана, во обид да ги продолжи напорите на австриската Влада да го забрза процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

“Посебноста на оваа посета е дека министерот Шаленберг ќе патува заедно со неговите колеги од Словенија и Чешка, Анже Логар и Јакуб Кулханек” – соопшти МНР на Австрија.

Пред патувањето во Скопје и Тирана, Шаленберг рече дека посетата е јасен сигнал дека Северна Македонија и Албанија, како и сите други земји во регионот, можат да сметаат на поддршката на Австрија.

Тој истакна дека 2020 година е изгубена година за целиот регион и дека неуспехот да се отворат преговорите за пристап со Северна Македонија и Албанија е големо разочарување.

“Оваа година, 2021 година, не смее да се изгуби повторно. Нанесената штета станува се’ поголема” – изјави Шаленберг.

Според него, на Западен Балкан се води борба за моделот на живот и предупреди дека ако ЕУ конечно не го исполни ветувањето, тогаш вакуумот ќе го пополнат други држави.