МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ ЗА НОВАТА ВЛАДА: МАНДАТАРОТ КОВАЧЕВСКИ ЌЕ ИЗБЕРЕ СВОЈ ТИМ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОСЕГАШНИТЕ ПРОЕКТИ

0
813

“Не е мое да дискутирам кој би бил одговорен на кој ресор во идниот период. Тоа е прашање кое ќе го одговори идниот мандатар што ќе го добие мандатот да составува влада. Сметам дека сега е време да работиме, а не да лицитираме со имиња” – рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

“Сметам дека е прерано да се лицитира со имиња или да дискутираме кој каде се гледа. Тоа е работа на идниот мандатар. Денеска очекуваме да биде поднесена оставката од претседателот на Владата, а со тоа и на целата Влада за потоа во законски утврдените рокови идниот мандатар си ги направи својот кабинет и својот тим. Тоа е негово право во законскиот рок да определи тим со кој ќе работи на продолжување на сите многу значајни проекти за државата” – рече министерот Бочварски на работната средба со Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија.