МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД РЕСОРОТ ОБРАЗОВАНИЕ: ЌЕ ПРОДОЛЖАМ ДА СЕ БОРАМ И ДА ГИ ЗАСТАПУВАМ ИСТИТЕ ПОЛИТИКИ ШТО ГИ РАБОТЕВМЕ ОВИЕ 5 ГОДИНИ

0
572

Министерката за образование и наука, Мила Цaровска нема да биде дел од новата Влада на новиот мандатар Димитар Ковачевски.

“Јас донесов одлука да не учествувам во новата Влада со новиот мандатар. Во изминатите пет години заедно со мојот тим, навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата како и во силата на жените и младите” – рече министерката Царовска.
Царовска од 30-ти август 2020 година ја извршува функцијата министерка за образование и наука во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Претходно, на 3-ти јануари 2020 година беше избрана за заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори  во преодната Влада, функција која ја извршува до 30-ти август 2020 година, а во истиот период беше министерка за труд и социјална политика.