MICROSOFT EDGE КРАДЕ ПОДАТОЦИ ОД CHROME БЕЗ ДОЗВОЛА ОД КОРИСНИКОТ

0
217

Веб-прелистувачот Microsoft Edge повторно се најде на удар на критиките поради необичното однесување

По неколку пријавени ситуации каде што Edge покажува контроверзно и навредливо однесување, прелистувачот сега се наоѓа во неволја поради отворена кражба на податоци од други прелистувачи.

Бројни корисници тврдат дека Microsoft Edge вади податоци од отворени табови, како и други информации од Chrome, сето тоа без дозвола.

Прелистувачот на Microsoft има копче што може да се користи за автоматско пренесување податоци од Edge на Chrome, вклучувајќи отворени табови, историја на пребарување, омилени страници и многу повеќе. За време на првичното поставување, Edge го прашува корисникот дали сака да дозволи синхронизација со други прелистувачи, за да може лесно да се префрлат на Chrome или Firefox. Таа опција е достапна и во поставките и стандардно е исклучена.