Microsoft ги претстави Lumia 950 и 950 XL, со можност да се користат како Windows 10 компјутери

0
524

Lumia-950-and-XL-940x470

На “Windows 10 Devices” настанот, Microsoft конечно ги претстави долго очекуваните телефони со Windows 10 од високата класа, кои имаат моќни компоненти, но уште помоќни можности, а благодарение на новиот оперативен систем.

Веќе неколку пати имаме зборувано за спецификациите. Lumia 950 има 5,2 инчен OLED екран со Quad HD резолуција, Snapdragon 808, 3 GB рам меморија, 32 GB простор за складирање податоци и простор за micro SD картичка. Lumia 950 XL има 5,7 инчен OLED Quad HD екран, Snapdragon 810, 3 GB рам меморија, 32 GB простор за складирање податоци и простор за micro SD картичка.

Lumia-950-hero-jpg1

И двата модели имаат нова камера со 20 мегапиксели и три светлечки диоди за пореални фотографии навечер, 5 мегапиксели предна камера, 4K Ultra HD видео снимање, брзо полнење преку USB Type-C конекторот и безжично полнење. Исто така, Microsoft потенцираше дека телефоните имаат двојна антена, која треба да овозможи многу подобар прием од таа на конкурентите, а достапни се и модели со dual SIM конфигурација.

Сепак, она по кое се разликуваат двете нови „Лумии“ се иновациите кои се вклучени во нив. Прво, тука е воденото ладење кое за прв пат го гледаме во еден паметен телефон. Ова не е класичното водено ладење со пумпа, како кај гејмерските компјутери, но според Microsoft пасивното движење на течноста е доволно за да се тргне топлината од процесорот и тој подолго да се задржи на висока фреквенција подолго време.

Lumia-950-XL-hero-jpg-Copy

А хит на денот е Continuum опцијата, која беше за прв пат прикажана во вистинското светло. Со неа, можете да го приклучите уредот со поголем монитор, безжично или преку посебен уред, кој има и дополнителни порти за USB 3.0 и HDMI и потоа да го користите како Windows 10 компјутер, со десктоп опкружување и традиционалниот таскбар доле.

Во Continuum и апликациите се претвораат во целосни десктоп програми, како што е случајот со Office на Microsoft, но и сите други универзални апликации наменети за Windows 10. Единствено нешто што недостасува во моментов е да може апликациите да се направат како прозорци, но и вака, Continuum е и тоа како интересен.

Lumia-950-XL-coming-soon-jpg

Lumia 950 и Lumia 950 XL ќе имаат и сензор за читање на лицето и ирисот на окото, па за да го отклучите телефонот ќе треба само да го кренете и да го погледнете, од нормална оддалеченост, а не како во sci-fi филмовите со ставање на окото одблизу. Сепак, оваа функција, која работи со помош на Windows Hello е се уште во бета верзија и се очекува да има многу подобрувања.

Единствено нешто што очекувавме да биде подобро е материјалот од кој се изградени телефоните. Да, во внатрешноста има рамка од магнезиум која се грижи за целосната цврстина на телефоните, но надворешниот поклопец од пластика делува помалку луксузно од тој на конкурентите. Сепак, Microsoft во своја одбрана вели дека поради тоа, променливи се батериите на двата телефони (3000 и 3340 mAh), што е многу корисно за бизнис корисниците.

Lumia-950-Coming-Soon-jpg

Цената на новите телефони на Microsoft од високата класа е 549 долари за Lumia 950, односно 649 долари за поголемиот 950 XL.

https://www.youtube.com/watch?v=f34PJhto92Q

Извор : Smartportal